| четврток, 6 декември 2018 |

Романија ќе го забрани автостопот

Автостопирањето во Романија наскоро може да стане илегално, бидејќи романската Влада планира патувањето со автостоп да го забрани со закон, поради негативните ефекти што тоа ги има врз превозниците, објави романскиот весник „Котидианул“.

Романското Министерство за транспорт веќе објави јавна дебата на таа тема, тврдејќи дека со автостопот се оштетува буџетот и се намалуваат приходите што ги плаќаат превозниците.

Според предлог-законот предвидени се казни од 1.000 до 5.000 леи (225 до 1.117 евра) за лицата кои вршат јавен превоз на лица, а не се овластени за тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top