Повторно се вршат апсења и претреси од страна на полицијата во Велес, објави Пресс 24
Според неофицијални информации, приведени се неколку лица кои биле дел од криминална група која се занимавала со шверц на дрога, а биле запленети 100 килограми марихуана која била наменета за странските пазари.
Групата била организирана и поседувала посебен камион кој бил користен за шверцот.
Сé уште нема информација од надлежните, дали станува збор за Франкфурт мафијата или за друга криминална група од истиот град која со дрога ги снабдувала западно-европските пазари.
Детали најавуваат за утре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


