Европскиот шампион Баерн Минхен се пласираше во финалето на светското клубско првенство совладувајќи ја екипата на Гунагжу од Кина со 3-0.
Оваа година ова натпреварување се одржува во Мароко. Баерн лесно стигна до победата со головите на Рибери во 40, Манџукиќ во 44 и Геце во 47 минута. Тимот на Гвардиола лесно го победи тимот на Марчело Липи кој е шампион во азиската Лига на шампиони.
Баерн Минхен во финалето ќе игра против победникот од мечот Атлетико Минеиро и мароканскиот тим Ража Казабланка кој се игра утре во 20.30 минути.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



