| четврток, 6 декември 2018 |

Притворен грчки екс – министер за сообраќај – возел со фалсификувани таблички

Поранешниот министер за сообраќај, Михалис Лапис, бил фатен од полициска контрола во Атина како вози теренец со фалсификувани таблички, јавува Аутомедиа.

За срамотата за министерот да биде уште поголема, возилото не било ниту осигурано, а поранешниот министер возел и без возачка дозвола.

Според претпоставките на полицијата, Лиапис ги предал оригиналните регистерски таблички во даночната управа, за во иднина да биде ослободен од плаќање даноци.

На политичарот е можно да му биде изречена казна во висина до 15.000 евра, како и неколкумесечна затворска казна. За минатата година екс-министерот има пријавено приход од 109.223 евра, а поседува и 20 станови и осум ниви.

Лиапис, беше министер во периодот од 2004 до 2007 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top