| четврток, 6 декември 2018 |

Фатен сериски рабојник од Скопје

kradec

Уапсен е познат скопски криминалец, кој во последниот месец извршил две разбојништва во клубот за игри на среќа „Мастер бет“ во скопската населба Влае.

„Прес 24“ јави дека станува збор за 34-годишниот Александар Ангелов, познат како Гринго, кој во двете разбојништва успеал да собере речиси 8.000 евра.

Тој, маскиран со капа преку главата и со пиштол во рацете, влегувал во казиното и од вработените барал да му ги дадат парите.
Полицијата го привела откако во вториот грабеж направил грешка и прерано ја извадил капата и ја ставил в џеб, при што го виделе случајни минувачи кои во тоа време се движеле со својот автомобил. Тие веднаш го препознале, а полицијата го привела.
Името на Ангелов ѝ е добропознато на полицијата. Во неговото дебело полициско досие стојат 22 кривични пријави од кои 17 се однесуваат на дела кои се проследени со насилство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top