Десет дена притвор доби скопјанецот Н.З.(44) кого полицијата го товари за тешка кражба, зашто годинава се стекнал со вкупна противправна имотна корист од околу 170.000 денари.
Н.З. од 26 јуни 2012 година бил во бекство од КПУ „Идризово“ каде што бил на издржување на затворска казна за што Министерството за правда издало потерница.
Н.З. отишол на улицата Рафаело Батино во куќата сопственост на оштетениот А.Д. од Скопје, во која како потстанари живееле К.И. од Одеса, Украина со сопругот К.А., од каде украл 1.300 американски долари, еден лап топ компјутер марка „асус“ и разен позлатен накит во вредност од околу 200 евра (дебел ланец, обетки и прстени) во вредност од околу 170.000 денари.
Тој преку масата во дворот се поткачил до прозорецот од дневната соба, а потоа ја подигнал пластичната ролетна и ја потпрел со копач. Потоа со тврд предмет го скршил двојното прозорско стакло, се протнал низ отворот и влегол во куќата каде претурал и пребарувал низ собите и ги пронашол и украл наведените предмети, по што избегал.
Полицијата го открила и привела осомничениот, кој во март годинава заработи и пријава за други 29 кривични дела.
Н.З. ѝ е познат на полицијата како сторител на имотни деликти за што досега повеќе пати бил кривично пријавуван и казнуван.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.