| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешниот шпиц на Барса, Пици, прв кандидат за тренер на Валенсија

Поранешниот напаѓач на Барселона Хуан Антонио Пици е најсериозен кандидат за нов тренер на Валенсија, по отказот за Мирослав Ѓукиќ. По поразот од Атлетико Мадрид со 0-3, викендов, популарните „лилјаци“ останаа без менаџер, а сега Пици е пик број 1 на раководството на Валенсија. Со него во трка е и Андре Вилјаш Боаш, отпуштениот тренер од Тотенхем.

Пици има искуство со шпанскиот фудбал, бидејќи беше член на Тенерифе и на Барселона, а со аргентинскиот Сан Лоренцо стаса до титулата и потврди дека е добар тренер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top