Истрагата за акцијата „Шпион“ е проширена за уште две лица, кои Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ЈО) ги товари за кривичните дела послужување во службата и шпионажа, потврдиле од Основниот суд Скопје 1 (ОСС1) за Плусинфо. Обвинетите Ѓ.Х. и К.С., кои со проширување на истрагата на ЈО влегле во шемата на шпионите, ќе се бранат од слобода. За нив обвинителство не побарало да се одреди мерка притвор, потврдија од кривичниот суд. К.С. се товари за шпионажа, а Ѓ.Х. се товари за користење документи, пари или други движни предмети и нивно давање на друг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.