Македонскиот репрезентативец Давид Бабунски, сепак, не е повикан од тренерот на Барселона Херардо Мартино за куп-мечот против Картахена, кој ќе се игра вечерва од 22 часот. Првично имаше најава дека 19-годишниот талент што настапува за Б-составот на Барселона ќе добие шанса да го почувствува играњето на „Камп ноу“, но, сепак, не се најде на списокот од 16 фудбалери за вечерашниот дуел. Барса го доби првиот меч со 4-1 на гостински терен, па реваншот ќе биде само формалност. Оттаму вечерва Каталонците ќе настапат со комбиниран состав, но, сепак, без Давид Бабунски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)


