| четврток, 6 декември 2018 |

Таткото на Меси вмешан во нов скандал со перење пари?

Таткото на фудбалерот Лионел Меси, познатиот Хорхе Меси, се најде во скандал со перење пари добиени од продажба на дрога, односно тој ги перел преку хуманитарни натпревари.

Како што пренесува магазинот „Ел Мундо“, Хорхе Меси е обвинет дека земал од 10 до 20 проценти провизија за стимулирање на неговиот син и на други фудбалски ѕвезди да учествуваат во хуманитарни натпревари.

Полицијата спроведува истрага и во другите градови во Шпанија, а, според информациите, целиот случај е поврзан со наркокартелите во Колумбија.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top