| четврток, 6 декември 2018 |

Директорот на „Гранд“ скршил две ребра

Директорот на српската продукција „Гранд“, Саша Поповиќ, во неделата наутро се слизнал на скалите пред својата куќа и при падот скршил две ребра, пренсуваат тамошните медиуми.

Од неговиот тим за односи со јавноста потрврдија дека Поповиќ тргнал на пливање рано наутро и кога излегувал од дома, ја загубил рамнотежата и незгодно паднал, а притоа сериозно се повредил.

– Господинот Поповиќ сега е добро. Тој моментално се наоѓа на домашно лекување и е под лекарски надзор – изјавиле од службата за односи со јавност на „Гранд продукција“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top