Младиот шкотски ас Енди Мареј е првиот Британец што во јули, по 77 години, успеа да го освои тенискиот гранслем во Вимблдон.
-Знам дека не сум секогаш најлесен човек за поддржување, меѓутоа бев под огромен притисок долго време и многу сум задоволен што го надминав тоа. Поддршката која ја добив годинава на Вимблдон беше најдобрата досега. Ниту еден турнир во Сеанглискиот клуб претходно не беше ниту блиску – вели Мареј по добивањето на признанието.
Во моментов четвртиот на листата на АТП беше повреден и го пропушти Ролан Гарос, меѓутоа се врати и се подготвува повторно да заигра тенис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.