Тамсанка Џантџије, лажниот преведувач за јазикот на глувонемите од минатонеделната комеморација на Нелсон Мандела, признал дека учествувал во спалување живи луѓе.
34-годишниот Џантџије по бесмисленото мавтање со рацете на комеморацијата, кое требаше да биде превод за луѓето со оштетен слух и говор, во интервјуата се правдаше дека бил болен од шизофренија и дека халуцинирал додека американскиот претседател Барак Обама држеше говор.
Но, приказната за овој човек, кој наводно бил член на владејачката партија Африкански национален конгрес, не завршила тука. Излегло дека училиштата во Јужна Африка и во Велика Британија, каде што учел толкување на говорниот јазик, најверојатно, не постојат.
Во последното интервју, пак, признал дека во 2003 година бил дел од толпа која фатила двајца крадци со украдени телевизори, на кои им ставиле автомобилски гуми околу вратот и ги запалиле. Судот за време на судскиот процес, кој траел три години, го прогласил за ментално неспособен за кривичен процес, па поради тоа веќе не се појавил во судница.
– Тоа е нешто што се случило во рамките на нашата заедница, нешто што би го нарекле правда на толпата и јас бев таму – рекол Џантџије за јужноафриканскиот весник „Сандеј тајмс“.
Ваков метод на убиства се користел за време на апартхејдот за пресудување на црномурестите Јужноафриканци кои биле осомничени за соработка со белците, како и во пресметки меѓу ривалски банди, но и во текот на осумдесеттите и деведесеттите од минатиот век во судирите меѓу племињата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Поезија од Јовица Тасевски Етернијан објавена на српски јазик
-
„Прозарт Медиа“ објави дела од врвни аргентински автори: „Разузнавачки извештаи“ и „Свињите“ на македонски јазик
-
Туристите збунети, Грците се изгубија во преводот на таблите (Фото)
-
Преводот „Republika Ilinditase e Maqedonise” е погрешен според нормите на албанскиот јазик