Македонија денес ќе биде зафатена од циклонот Иберија кој ќе предизвика облачно време со врнежи од дожд на пониските места и снег на планините. Метеролозите за попладневните часови најавуваат пад на температурите. Ќе започне да дува засилен ветер од северен правец и врнежите од дожд ќе поминуваат во снег и на пониските места. Можно е формирање на снежна покривка и на пониските места.
Најголема снежна покривка, од околу 20 сантиметри, се очекува да биде формирана во југозападните, јужните и во источните делови од земјава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.