| четврток, 6 декември 2018 |

Во Сараево висока загаденост на воздухот

Квалитетот на воздухот во Сараево, Зеница и неколку други босански градови е на критично ниво по големата концентрација на сулфур диоксид и прашина, поради што движење на отворено не се препорачува за децата, хронично болните,
но и здрави лица.

Заводот за јавно здравје на Федерацијата на БиХ, апелираше граѓаните да излегуваат од своите домови без големи потреби и да го ограничат своето движење.

– Ако е невозможно да се избегне движење на отворено, препорачуваме со шал да се покријат устата и носот за да се намали делумно штетното влијание на честичките прашина и чад чија концентрација е премногу висока, се вели во соопштение од Заводот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top