| четврток, 6 декември 2018 |

Боречки тренер почина носејќи го Олимпискиот факел

Рускиот боречки тренер Вадим Горбенко починал носејќи го олимпискиот факел во пресрет на Зимските Олимписки Игри во Сочи, пренесува Ројтерс.

Горбенко (73) го презеде факелот во родниот Курган во западниот дел на Сибир, но му се слоши после само 150 метри.

Портпаролот на Игрите во Сочи, Роман Осин рече дека Горбенко доживеал срцев удар.

– Тој се врати на местото на собирање и се фотографираше, а потоа рече дека не се чувствува добро. Го однесоа во болница, но докторите не можеа ништо да направат. Изразуваме најдлабоко сочуство на неговите сакани, рече Осин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top