| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски дилери го срушија рекордот во Италија – Фатени со осум тони марихуана

Marihuana

Италијанската полиција запленила рекордни осум тони марихана, што ја шверцувала нарко банда предводена од македонски државјани. Дрогата била запленета во заедничка акција на полициите од Анкона и Венеција, но од каде таа потекнува не се наведува во соопштението.

Истата пристигала на пристаништето во Анкона, но полицијата му дозволила на камионот во кој била натоварен да го продолжи патот, по што успеала да ги уапси и сороботниците. Возачот, македонски државјанин, бил запрен од страна на полицијата кај еден сервис во непосредна близина на Венеција.

Со соппштение се јави албанската полиција, која деманира дека дрогата тргнала од албанскот брег.

– Во овој шверц на голема количина на марихана не се вмешани албански државјани, а и дрогата не е од албанско производство и не тргнала од Драч, како што првично јавија медиумите. Организираната криминална банда, како што бевме информирани од италијанските власти, била раководена од македонски државјани, стои во соопштението.

Италијанската полиција јавно не соопшти детали во интерес на истрагата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top