Шпанскиот репрезентативец Давид Силва ќе биде еден од клучните адути на Манчестер сити против Барселона, во големото дерби од осминафиналето во Лигата на шампионите во февруари и во март. Ждрепката беше немилосрдна, а за кого ќе се знае на 12 март вечерта, по реванш дуелот во Барселона. Сити ќе биде домаќин на првиот меч, кој е закажан за 18 февруари.
– Некако постојано ја критикуваат Барселона, но тие се први во сѐ. Велат дека не играат добро во последно време, но тие се лидери во Шпанија и го освоија првото место во групата во Лигата на шампионите. Би сакал Манчестер сити да се најде во идентична ситуација – изјави за „Марка“ Давид Силва.
Се очекува спектакл на две екипи што играат офанзивно, имаат безброј фудбалски велемајстори во составите, а ги предводат одлични стратези. Тата Мартино е еден од најдобрите тренери на планетата, од Парагвај направи репрезентација за респект, сега одлично ја води и Барса, а на спротивната страна е чилеанскиот стручњак, Мануел Пелегрини. Тој го доведе релативно малиот Вилјареал до полуфиналето во ЛШ пред 7 сезони, потоа беше и на кормилото на Реал Мадрид, а лани со Малага стигна до четврт-финалето во истото натпреварување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


