Горан Пандев со Наполи по ждрепката во Нион го доби противникот во Лига на Европа. По елиминацијата од Лига на шампиони, Пандев во шеснаесеттинафиналето ја доби екипата на Свонси.
Во ждрепката за ова натпреварување беа извлечени и можните противници на екипите во осминафиналето во случај на победа и пласман понатаму.
Јувентус, по елиминацијата од Галатасарај во ЛШ, повторно ќе игра со турска екипа овој пат со Трабзон во Лига на Европа.
Од поинтересните дуели ги издвојуваме Порто – Ајнтрахт Франкфурт, Динамо Киев – Валенсија, ПАОК – Бенфика, Днипро – Тотенхем.
Двојки за шеснаесеттинафинале:
Днипро – Тотенхем, Бетис – Рубин Казан, Свонси – Наполи, Јувентус – Трабзон, Марибор – Севилја, Плзен – Шахтјор Доњецк, Черноморец – Лион, Лацио – Лудогорец, Есбјерг – Фјорентина, Ајакс – Салцбург, Макаби Тел Авив – Базел, Порто – Ајнтрахт Франкфурт, Анжи – Генк, Динамо Киев – Валенсија, ПАОК – Бенфика, Либерец – АЗ Алкмар.
Парови за осминафинале:
Либерец/АЗ – Анжи/Генк, Лацио/Лудогорец – Динамо Киев/Валенсија, Порто/Ајнтрахт Ф. – Свонси/Наполи, Черноморец/Лион – Плзен/Шахтјор Доњецк, Марибор/Севилја – Бетис/Рубин Казан, Днипро/Тотенхем – ПАОК/Бенфика, Макаби ТА/Базел – Ајакс/Салцбург, Јувентус/Трабзон – Есбјерг/Фјорентина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“



