| четврток, 6 декември 2018 |

Иднината на велосипедите (Видео)

Запознајте го „Копенхагенското тркало“. Тоа ја акумулира енергијата која вие ја користите за да ве спаси кога ви треба најмногу. Ги препознава вашите движења, угорнини, удолнини, а се приклучува и на мобилен телефон.

copenhagen.wheel_

Технологијата на велосипедизмот е постара од онаа на автомобилите, но, сепак, се смета дека велосипедот е средство на иднината. Најнапредните градови на планетата веќе се потпираат на велосипедизмот заради добрата кондиција на граѓаните и за намалување на сообраќајот и загадувањето. Но, доколку ве одвраќала идејата за велосипед заради понекогаш напорното вртење на педалите, најдено е решение и за тоа. Новиот изум е резултат на истражувања на познатиот универзитет МИТ.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top