| четврток, 6 декември 2018 |

Тотенхем му врачи отказ на Вилас-Боас

boas

Потугалскиот тренер Андре Вилас-Боас ја плати сметката на убедливиот пораз на неговиот тим Тотенхем од Ливерпул со 5-0.
Клубот од „Вајт харт лејн“ соопшти дека договорот бил раскинат спогодбено.

– Тотенхем спогодбено го раскина договорот со Вилас-Боас. Му посакуваме сѐ најдобро во натамошната кариера. Во следните неколку дена ќе бидете информирани за името на новиот тренер – гласи соопштението на клубот од Лондон.

Раководството и навивачите на Тотенхем очекуваа по скапите засилувања во летниот преоден рок клубот да се бори за едно од првите четири места кои водат во Лигата на шампионите следната година. Сепак, Тотенхем грчевито ќе се бори за таа позиција бидејќи се наоѓа на седмото место на табелата со заостанување од осум бода зад лидерот Арсенал и пет од четвртото место.
Како најсериозни кандидати за наследник на Боас на клупата на Тотенхем се спомнуваат Капело, Хидинк и Марадона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top