
Централниот и источниот дел на Канада ги зафати снежно невреме, кое предизвика застој во воздушниот сообраќај, како и проблеми во патниот сообраќај на потегот од провинцијата Онтарио, па до канадското атлантско крајбрежје.
Снежните врнежи и силните ветрови, кои почнаа во саботата, покрај Торонто и Отава, ги зафатија и Квебек и провинциите по должина на атлантското крајбрежје до Њу Фаундленд.
Канадската служба за животна средина соопшти дека снежната покривка на некои места достигнала и до 35 сантиметри.
Поради невермето, стотици жители на Квебек останаа без електрична енергија.
Метеоролозите соопштија дека денеска се очекува прекин на снежните врнежи во источните провинции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


