| четврток, 6 декември 2018 |

Меси во нова каша, татко му е под истрага за перење пари од продажба на дрога

Лионел Меси е повреден и моментно не игра за Барселона, а многу поголеми главоболки му создава новата истрага што полицијата ја спроведува тајно против неговиот татко. Според информациите на „Ел Мундо“, се работи за перење пари од продажба на дрога, а на сослушување веќе биле Меси, неговиот татко, но и соиграчите на аргентинскиот ас од Барселона. Велат дека на разговор во полиција биле повикани и Дани Алвеш, Хавиер Маскерано и Пинто.

Полицијата ги истражува и натпреварите од турнејата во Јужна Америка наречена „Меси и пријателите“, а случајот се поврзува со колумбиските наркокартели.

Меси веќе имаше проблеми со затајување данок, но се извлече благодарение на татко му кој ја прифати вината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top