| четврток, 6 декември 2018 |

„Прошетка со диносаурусите 3Д“ од 19 декември во „Синаплекс“

walking-with-dinosaurs-3d-

Најголемиот светски продуцент на документарни филмови за природата, британскиот „Би-би-си“ ја претставува досега најреалната филмска приказна за праисториските џинови, „Прошетка со диносаурусите 3Д“ премиерно во скопското кино „Синаплекс“ од 19 декември.

Првпат во филмската историја кинопубликата ќе има можност да види како навистина изгледало кога диносаурусите владееле со земјата. „Прошетка со диносаурусите 3Д“ е досега најамбициозниот филм за диносауруси, кој вистински ја прикажува одамна изумрената раса, праисториската ера во која живееле и нивното природно опкружување. Ова остварување, од друга страна, се базира на интересна приказна која публиката може лесно да ја разбере – приказна за настанувањето на семејството, семејства кои се распаѓаат, ривалство, натпреварување и неуморна борба за опстанок.

Дејството на филмот е сместено во периодот пред 70 милиони години на далечниот север на Алјаска. Секоја година долгите темни зими, тримесечните периоди со постојана темнина и безмилосните снежни бури протеруваат илјадници диносауруси на далечна миграција – на патот кон југот. На овој пат публиката тргнува со чудниот, но симпатичен диносаурус Пачи.

„Прошетка со диносаурусите 3Д“ се базира на истоимената популарна ТВ серија која во 1999 година се прикажуваше на британската телевизија „Би-би-си“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top