| четврток, 6 декември 2018 |

„Надеж“ од Папаз и Тони Зен (ВИДЕО)

Саксофонистот на „Суперхикс“, Горан Папаз, и раперот Тони Зен ја создадоа „Надеж“, песна со која, како што велат, ви посакуваат среќни божиќни и новогодишни празници, со НАДЕЖ дека во новата година секој од вас ќе си го пронајде мирот.

toni zen papaz
Се работи за микс од  фанк, смут џез со ар-ен-би и хип-хоп примеси. Зади звуците на саксофонот стои Папаз, за текстот се погрижи Тони Зен, а како автор на музиката и аранжманот се појавува единствениот Александар Масевски. За гитарските звуци се погрижи Иле Спасев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top