Железничкиот сообраќај сѐ уште е во прекин по синоќешниот судир на товарен и патнички воз на пругата Скопје – Велес, но се работи на нормализирање на сообраќајот, изјави директорот на „МЖ Транспорт“ а.д. Скопје, Оливер Деркоски.
При несреќата, вели Деркоски, со мали повреди се здобил кондуктерот од патничкиот воз, кој е пренесен на клиниките во Скопје, каде што на преглед е упатен и машиновозачот, во согласност со безбедносните процедури. Нема повредени патници и за сите е органиизран превоз со автобус до крајната дестинација.
Товарниот и патничкиот воз, појаснува Дерковски, се движеле еден зад друг кога дошло до сударот. Притоа од пругата излетал последниот товарен вагон, а уште три товарни вагони, како и патничката локомотива, се малку изместени. Нема големи оштетувања и се работи на оспособување на пругата од страна на „МЖ Инфраструктура“.
Според првичните сознанија, најверојатно причина за несреќата е човечки фактор, но треба да се почека на завршување на истрагата. Веднаш е проверена сигнализацијата и е утврдено дека е во ред, посочува Деркоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.