| четврток, 6 декември 2018 |

Суперпризнание за Давид Бабунски, Македонецот во вторник ќе биде во А-тимот на Барселона

Давид Бабунски е суперталент, а признание доаѓа од неговиот клуб Барселона, со повик во првиот тим за мечот против Картагена во реваншниот меч од шпанскиот куп, во вторник. Бабунски, кој има 19 години, моментно е дел од вториот состав на Барса, што игра во втората шпанска лига, а задутре веројатно ќе биде на клупата на А-тимот.

babunski 1

Ваквата одлука на тренерот на Барса, Тата Мартино, е одлична за младиот македонски фудбалер, а дали Бабунски ќе добие шанса да настапи на „Камп ноу“ ќе видиме во втроник навечер. Мечот почнува од 22 часот, а првиот дуел го доби Барселона со 4-1, со што има сигурен пласман во осминафиналето на „кралскиот куп“ во Шпанија.

babunski

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top