– Ционистите сакаат да го нападнат Иран, но се плашат од последиците. Нашите сили можат да го исплашат секој агресор и да го натераат да плати, изјави Ахмадинеџад.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас кој денеска во Каиро се сретнал со иранскиот колега му се заблагодарил за поддршката на Иран за членството на Палестина во ОН.
Египетскиот претседател Мухамед Морси рекол дека најголем предизвик со кој што се соочуваат муслиманските земји е палестинското прашање кое било камен темелник за воспоставување стабилност и сигурност во регионот.
– Египет им помогна на браќата во Појасот Газа и ја сопре бруталната агресија, рекол Морси алудирајќи на ноемврискиот осумдневен судир меѓу Хамас и израелската војска.
Според весникот Ал Ахрам, Ахмадинеџад денеска му понудил на Египет да разменат искуство за развој на нуклеарна програма. Тој потенцирал дека Иран не развива офанзивно нуклеарно оружје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.