| четврток, 6 декември 2018 |

Манчестер јунајтед се враќа на победнички колосек

Манчестер јунајтед ја декласираше Астон Вила во Бирмингем со 3-0, во натпревар од 16 коло во Премиерлигата, со што е прекината серијата од 4 меча без победа.

Дани Велбек по 14 кола пауза погоди и тоа на двапати за Јунатед, а победата ја потврди Клеверли со трет гол за „црвените ѓаволи“ од Манчестер.

velbek

По оваа победа најтрофејниот англиски клуб се проби на осмата позиција со 25 бода, 10 помалку од лидерот Арсенал.

Во вториот дуел попладнево Норич и Свонси одиграа нерешено 1-1, а дуелот мина во сенка на тешката повреда на стрелецот за гостите Натан Даер. Во дуелот со Басонг, Даер настрада и веројатно ќе мора подолго да паузира, бидејќи се работи за скршеница на глуждот. Стрелец на голот за домашниот тим беше Хупер.

dajer

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top