
Македонскиот фудбалски интернационалец Горан Пандев ќе биде во комбинација за вечерашниот дуел со Интер, потврди тренерот Рафа Бенитез. Тој имаше проблем со мускулот на ногата и поради тоа беше заменет и на дуелот од Лигата на шампионите (ЛШ) против Арсенал. Пандев тренираше со намален интензитет во претходните денови, но добил дозвола од клупските лекари за настап против својот поранешен клуб.
– Пандев тренираше со останатиот дел од тимот, докажа дека е подготвен и тоа е добра вест за нас. Реина и Бехрами сѐ уште се мачат со повреди и одлуката околу нивниот настап ќе ја донесеме непосредно пред натпреварот – изјави Бенитез.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


