Билјана Белицанец – Алексиќ, градоначалничката на скопската општина Кисела Вода по 19 пат додели решенија за легализација на диви објекти на 40 граѓани во Кисела Вода.
– За жал, дури 50 проценти од станбените единици во Кисела Вода се подведени согласно Законот за легализација на дивоизградени објекти како нелегални, со што општината Кисела Вода е своевиден лидер по бројот на дивоградби на локално ниво, рече Беличанец – Алексиќ.
Урбанистички ред и успешно заокружување на процесот на легализацијата на дивоградбите во Општина Кисела Вода претставува заеднички интерес за сите.
– Во изминативе неколку месеци откако ја воведовме практиката за јавно доделување на решенијата, доделуваме во просек по околу 40-тина решенија за легализација на неделна основа, односно за неколку месеци доделивме преку 620 нови решенија, информираше Беличанец – Алексиќ и ги повика сите граѓани да ја комплетираат својата документација, потсетувајќи дека крајниот рок за доставување на геодетскиот елаборат е 18 јуни 2014 година.
Беличанец – Алексиќ информираше дека во моментов од 70 урбанистички согласности кои се изготвени и достапни на странките во едношалтерскиот систем, само 38 се подигнати без платен надомест, а 32 граѓани воопшто и ги немаат подигнато согласностите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.