Владимир Путин ги разочара Русите пред новогодишните празаници со изјавата дека ако сакаат да се забавуваат вработените од државните фирми треба само да ја платат забавата.
-Русите сакаат да слават, нормално е да се развеселиме и да се напиеме чаша вотка, но за тоа не треба да се трошат државни пари, порачал Владимир Путин од собирот на своите приврзаници.
Ова негово предупредување им ги расипа плановите на многу државни институции и корпорации, кои ќе мораат сега да штедат на новогодишните прослави за своите вработени, а влијаело и на тоа некои ресторани и музичари да ги намалат цените за своите настапи.
– Колку сакаат нека трошат, но тоа нека си го платат од својот џеб, бидејќи така некогаш се славело. Не се сеќавам дека од организацијата во која работев во КГБ во поранешен СССР дека земавме пари од државни фондови да славиме. Ние се состанувавме со колегите но тоа беше од нашите плати. Расипништво е ако државните пари се трошат за прослави, рекол Путин.
Државните компании по изјавата на рускиот претседател одбиваат да даваат информации дали Ќе организираат корпорациски забави пред Нова година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.