| четврток, 6 декември 2018 |

Барселона ја потона „жолтата подморница“

Барселона е нов лидер во шпанското првенство по победата против Вилјареал со 2-1 во меч од 16. коло. Повторно блескаше бразилскиот ас Нејмар, со два гола, едниот од нив пенал. Во отсуство на Лионел Меси, Нејмар ја држи Барса во игра за титулата во Шпанија, а вечерва, со уште неколку одлични потези покажа дека е голема фудбалска ѕвезда.

Во 30. минута, тој погоди од белата точка, а во 68. минута со уште еден гол ја завери 14-та победа на актуелниот шампион на Шпанија. Вилјареал одигра добро против фаворитот, во 48. минута Мусачио израмни на 1-1, но „жолтата подморница“ немаше сили за подвиг и бод од гостувањето на „Камп Ноу“.

Барселона сега е лидер со 43 бода, 3 повеќе од Атлетико Мадрид, но популарните „јорганџии“ имаат еден натпревар помалку.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top