| четврток, 6 декември 2018 |

Брод робот ќе го мери квалитетот на водата во Охридското Езеро

Целосно автоматизирано пловило ќе го испитува квалитетот на водата во Охридското Езеро, објави порталот „Охрид њуз“.

DSCN1938

Тоа е дел од светски најморедерната опрема која ја доби Хидробиолошкиот институт од Охрид, благодарение на прекуграничниот проект за мониторинг на водните ресурси, што оваа научна институција во изминатите неколку месеци го реализираше во соработка со Универзитетот „Аристотел“ од Грција.

Фото: „Охрид њуз“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top