| четврток, 6 декември 2018 |

Балетанките на „Гришко“ произведени во Демир Хисар патуваат во Јапонија

Менаџерскиот тим на овој прв и единствен погон на „Гришко“ надвор од Руската Федерација и можеби единствен во Европа, ги информира дека погонот работи со полна пареа, објави порталот „Економски лидер“.

Вработени се 70 – ина лица, најголем број од селото Слепче кои изминативе десетина месеци мошне добро го „испекоа“ занаетот и демирхисарските балетанки веќе се продаваат низ Европа и светот. Како што беше речено, во моментов македонскиот „Гришко“ работи за познат јапонски купувач, а веќе се договорени побарувачки од повеќе земји од Европа и Азија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top