Битката за врвот на табелата во Премиерлигата станува се поостра и поинтересна, а Челси со победа против Кристал Палас од 2-1 се проби на втората позиција. Премиерниот меч од 16 коло и дербито во Манчестер меѓу Сити и Арсенал им припадна на домаќините со 6-3, но сега Челси ги раздели лидерот Арсенал и Манчестер сити кој е третопласиран. разликата е само 3 бода, со тоа што и Ливерпул може да му се приклучи на Челси, ако утре го победи Тотенхем на гости.
Челси славеше потешко од очекувањата против градскиот ривал Кристал Палас, а победата ја донесоа Торес и Рамирес со по еден погодок. Стрелец за Палас беше Шамак.
Во игра за титулата остана и Евертон по убедливата победа од 4-1 против Фулам. Осман, Колеман, Бери и Миралас погодија за „карамелите“ од Евертон, а почесниот гол за Фѕлам го даде Бербатов од пенал.
Евертон има 31 бод на четвртата позиција, 4 помалку од лидерот Арсенал, два од Челси и еден од Манчестер сити.
Останати резултати: Њукасл – Саутемптон 1-1, Кардиф – ВБА 1-0 и Вест Хем – Сандерленд 0-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


