Реал Мадрид се спаси од пораз во Памплона, против Осасуна, а негативата од два гола и играч помалку на теренот по исклучувањето на Серхио Рамос, ја претвори во реми, 2-2.
По 44 минути игра се чинеше дека „кралот“ од Мадрид ќе падне пред налетот на „биковите“ од Осасуна, бидејќи имаше минус од два гола и играч помалку. Во незгодна ситуација гигантот го доведе извонредниот Риера со два гола, а потоа маките им ги зголеми Рамос, кој доби црвен картон.
Сепак во самиот финиш на првиот дел Иско намали на 1-2, а во второто полувреме и Осасуна остана со фудбалер помалку. Исклучен беше Гато Силва во 79. минута. Само 60 секунди подоцна Пепе израмни на 2-2, но Реал немаше рецепт за уште еден погодок и победа. Со 16 одиграни натпревари „кралскиот клуб“ остана на третата позиција со 38 бода, два помалку од водечкиот тандем Барселона и Атлетико Мадрид. Тие две екипи имаат по еден натпревар помалку.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


