Спектакуларна премиера на 16 коло во Премиерлигата одиграа Манчестер сити и Арсенал, а мечот заврши со вистинска голеада и резултат од 6-3 во полза на домашниот тим.
Агуеро со гол во 14 минута најави фастивал од погодоци, а продолжи Волкот со израмнување по половина час игра. Првиот дел заврши со резултат 2-1 за Манчестер, а стрелец беше Негредо.
Во продолжението имаше уште повеќе погодоци, вкупно уште 6, а повторно доминираа играчите во сини дресови. Фернандињо во два наврати беше прецизен, а голови постигнаа и Силва и Јаја Туре од пенал. За лидерот Арсенал во вториот дел повторно погоди Волкот, а и Мертесакер се запиша во листата на стрелците.
Арсенал остана на врвот со 35 бода, сега само 3 повеќе од Сити. Попладнево продолжуваат натптреварите од 16 коло.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


