Државната статистика попладнево објави дека Бруто домашниот производ во третиот квартал, поточно периодот од јули до септември пораснал за 3,3%.
Со тоа, Македонија се најде на третото место на земји со највисок пораст во Европа. Подобри од нас во овој квартал се само Романија со 4,1% пораст на БДП и Латвија со 3,9%.

Најголем раст и овој пат бележи секторот градежништво од 30,5%. Финалната потрошувачка пораснала за 4%.
Економијата расте во текот на целата 2013 година. Во првиот квартал растот изнесуваше 2,9%, а во вториот 3,9 %. Според Светска банка, земјава има најголем раст во регионот.
Заради позитивните бројки сите меѓународни институции ги подобрија прогнозите за растот на македонската економија.
Владата за годинава проектираше раст од само 2,2%, новите очекувања се дека тој ќе надмине 2,5%.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


