Вчеравечер околу 21.30 часот, 77-годишниот Ќ.Д. ја отворил главната врата од својот дом во Прилеп, откако слушнал тропање по прозорецот.
Веднаш потоа, непознат мажсе втурнал во салонот и почнал да ги удира него и сопругата со тупаници во пределот на главата.
Потоа сторителот извадил нож кој го ставил под грло на сопругата и со истргнување ѝ ги одзел златните обетки од ушите, прашувајќи ја каде се парите. Ќ.Д. му кажал дека има пари во гаражата, при што сторителот му го одзел мобилниот телефон и отишол во гаражата од каде одзел 540 денари и побегнал.
Од страна на УПС од ПС-Прилеп, ведднаш се преземени мерки и активности за идентификување и пронаоѓање на сторителот. Утврдено е дека се работи за лицето З.Р.(19) од Прилеп и набргу потоа истиот е лоциран и приведен во ПС Прилеп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


