| четврток, 6 декември 2018 |

Фатен џебчија кој ги испарзнил сите украдени картички

По превземени оперативни мерки и активности, СВР Скопје  расветли џебна кражба извршена на автобуската постојка кај хотелот “Холидеј Ин“ во Скопје.

Имено, на 18 минатиот месец, на посочената автобуска постојка од страна на лицето И.С. (46) од Скопје извршена е џебна кражба на женски паричник сопственост на В.Ч. од Скопје, во кој имало лични документи, банкарски картички, 2.000 денари и златна обетка. Џебната кражба ја извршил на тој начин што со протнување на рака во чантата која оштетената ја носела во десната рака, го одземал паричникот и се оддалечил во непознат правец.

Истиот ден сторителот ги употребил банкарските картички и од нив успеал да извлече 33.000 денари. СВР Скопје работи на комплетирање на доказниот матерјал за што ке следи поднесување на кривична пријава .
Инаку, И.С. е познат сторител  на кривични дела од областа на имотните деликти, и против истиот се поднесени вкупно седум кривични пријави и изречени две казни – затвор

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top