Според движењето станува збор за нелегално поставен споменик на цар Душан на Мостот на цивилизациите преку реката Вардар во центарот на македонската престолнина, што предизвика раст на меѓуетничките тензии, поради несогласувањето на албански здруженија и движења поради поставувањето на паметник српски овладетел од првата половина на XIV век.
– Првично, ‘Разбуди се!’ не ги прифаќа одлуките на СРД или која и да е друга институција кои се донесени со едноетнички состав на своите членови. Цениме дека со ова ‘соопштение’ се врши притисок врз слободниот медиумски и граѓански глас. Соопштенија од овој вид во кои се истакнува само ТВ Алсат М досега недостигаа дури и во случаи на колективни навреди кон Албанците, во случаи кога се употребуваше јазикот на омразата од страна на новинари и/или медиуми веќе познати за јавноста, како и во многу други случаи – се вели во реакцијата на движењето.
Според нив, СРД требало да се занимава со медиумите кои настојуваат да им го „исперат мозокот” на граѓаните со своето „еднострано и тенденциозно известување”.
– Наместо да се справи со овaa алармантна ситуација, во која медиумите, дури и по предупредувањето на Брисел и Вашингтон, СРД слепо го девалвираат новинарството и слободниот медиумски глас, истовремено промовирајки уличарство и диригирано новинарство”, се истакнува во соопштението на „Разбуди се!” при што „го потсетуваа”‘ СРД за истапи на новинари коишто според нив се навредливи кон Албанците и „необјективното информирање околу колективните навредување од спортските арени, како и многу други случаи – се додава во соопштението.
Бараат од СРД, исто така, „да не биде во служба на дневната политика, да не биде под влијание на политичките субјекти и да ги врши своите законски обврски и истакнуваат дека Советот „не смее да донесува одлуки во едноетнички состав за меѓуетнички осетливи проблеми”
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


