| четврток, 6 декември 2018 |

Дворшак: Македонците знаат што е ракомет (ВИДЕО)

boris dvorsak

Скопскиот ракометен клуб Металург попладнево повторно ќе се сооучи со Загреб во мечот од СЕХА-лигата. Пред точно една недела, македонскиот состав победи во Хрватска со 30-25.

Новиот помошен тренер на хрватскиот тим, Борис Дворшак, пред реваншот вели дека очекува дека неговите ракометари ќе одиграат подобро отколку во Загреб, но и дека се надева на добар ракомет, полна сала и одлична атмосфера.

Мечот се игра денеска од 17.45 часот. Со победа утре против Загреб, Металург ќе биде на чекор до фајнал-фор турнирот во СЕХА-лигата, заедно со Вардар, Татран Прешов и Загреб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top