| четврток, 6 декември 2018 |

БДП порасна за 3,3 отсто во третото тримесечје

gradeznici

Домашната економија остварила значаен раст во третото тромесечје годинава од дури 3,3 отсто. Заслугата пред оди на сметка на градежништвото, каде е остварен раст од дури 30 отсто.

Според државниот зазвод за статистика, најголем пораст е забележан во секторите градежништво од 30,5%; сообраќај, складирање и врски од 5,8% и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила, мотоцикли и предмети за лична употреба и за домаќинствата од 2,8%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на
домаќинствата, во третото тримесечје од 2013 година, во однос на истиот период од 2012 година, номинално
расте за 4,0%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 72,8%.
За истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 7,2%, а увозот на стоки и на услуги
забележа намалување во номинален износ од 2,1%.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top