| четврток, 6 декември 2018 |

Фрчковски бара протекторат во Македонија

frckoski

Пра­ша­ње­то за стран­ска ин­тер­вен­ци­ја во зем­ја­ва, коe ка­ко те­ма ми­на­та­та не­де­ла го на­мет­на про­фе­со­рот Љу­бо­мир Да­на­и­лов Фрч­ко­ски, не е но­во во ма­ке­дон­ска­та по­ли­тич­ка де­ба­та. Оваа те­ма во по­ме­ка или по­твр­да ва­ри­јан­та е на ма­са по­ве­ќе од еден век.

Во вре­ме во кое во Ма­ке­до­ни­ја до­ми­нант­но по­ли­тич­ко кре­до на пар­ти­и­те е „И вие пра­ве­вте та­ка“, еден ин­те­ле­кту­а­лец што има сил­но вли­ја­ние, осо­бе­но во опо­зи­ци­ски на­стро­е­ни­те си­ли, из­ле­зе во јав­но­ста со ин­те­рес­на, но, пред сѐ, опас­на те­за, а пар­ти­ја со ко­ја се по­вр­зу­ва во пос­лед­ни­те 20 го­ди­ни не ја отфр­ли, ни­ту ја ко­мен­ти­ра­ше. Спо­ред таа те­за, во март–април не смее да се доз­во­ли одр­жу­ва­ње пред­вре­ме­ни пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри и, вто­ро, не­кој од над­вор тре­ба да ја ур­не вла­да­та и да фор­ми­ра тех­нич­ка вла­да, ко­ја би довела до поголема демократија. Мо­же ли зем­ја што сво­и­те по­ли­тич­ки оби­чај­ни пра­ви­ла, пред сѐ, ги те­ме­ли на пре­це­дент­ни, а по­мал­ку на устав­ни и на за­кон­ски нор­ми да го из­др­жи ха­о­сот, кој е не­ми­но­вен ако лич­ни­от став на по­ра­неш­ни­от ми­ни­стер за над­во­реш­ни и за вна­треш­ни ра­бо­ти во вре­ме­то на СДСМ до 1998 го­ди­на ста­не пар­ти­ски?

(Целата колумна на Горан Момироски може да ја прочитате во 67. број на неделникот Република кој е во продажба од денеска, 13.12.2013)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top