Поради девојка, вчера околу 19 часот на паркинг во Тетово се случила крвава тепачка меѓу две групи малолетници, при што било рането 14-годишно момче од Голема Речица и завршило во болница, соопштија од МВР.
Според полицијата, повреденото момче веднаш било пренесено во Клиничкиот центар во Тетово, а било нападнато од страна на 15-годишниот А.А. поради љубовна врска.
По целосно расчистување на случајот, против пријавениот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.