Супер орлите од Нигерија летнаа до финалето на 29. Куп на Нации во Африка по убедливата победа над Мали од 4-1.
Првото полуфинале беше решено уште по првото полувреме, кога Нигеријците поведоа до 3-0. Елдерсон, Идеје Браун и Еменике стрелаа прецизно и ја наполнија мрежата на Мали, а голеадата продолжи во вториот дел. Муса зголеми на 4-0 за првиот финалист на купот, а поразениот тим успеаја само да намали на 4-1 преку Кеита.
За половина час Гана и Буркина Фасо ќе играат меѓусебе за пласман во големото финале. Гана е второрангирана селекција во историјата на купот со 4 титули, а Буркина Фасо за првпат игра ваков меч.
Нигерија која го очекува победникот од вечерашниот дуел, има два трофеи од 1980 и 1994 година. Рекордер е Египет со 7 круни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“