| четврток, 6 декември 2018 |

Мирка Велиновска се разборува, опозицијата ја прекина (Видео)

Поради пречекорување на предвиденото време за обраќање, пратениците од опозицијата со постојано дофрлање не ѝ дозволија на новинарката Мирка Велиновска да го заврши своето обраќање во Надзорната расправа во собраниската Комисија за политички систем, при што  претседателот на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Илија Китановски, прогласи пауза.

mirka velinovska

Велиновска говореше за формите за притисок врз неа во изминатите 20 години.

– Досега за овие 20 години, по првите избори, ми се случија два испада, еднаш ми беа искршени стаклата од семејната куќа и еднаш оградата. Љубчо Георгиевски двапати ме тужеше како приватно лице. Врз мене имаше политичка интервенција со закана за апсење, директно од министерот за внатрешни Љубомир Фрчкоски во 1994 година – рече Велиновска во второто продолжение на расправата „Анализа за почитување на уставно загарантираното право на пресумпција на невиност, наодите за злоупотреба на притворот, загрозување на слободата на изразување и медиумски слободи и правото на изразување јавен протест во Република Македонија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top