| четврток, 6 декември 2018 |

Дизајнерката Ѓогриева со колекција за деловни жени

olgica_2

Билјана Зафирова, главна уредничка на порталот република.мк

Денеска во Домот на АРМ, во меморијалниот центар на Никола Кљусев, македонската модна креаторка Олгица Ѓогргиева ќе ја претстави својата пр­ва ко­мер­ци­јал­на ко­лек­ци­ја на­ме­не­та за мо­дер­на, ур­ба­на, де­лов­на же­на. Таа во про­е­ктот вклу­чи де­сет де­лов­ни же­ни, кои ќе ја про­мо­ви­ра­ат неј­зи­на­та нај­но­ва ко­лек­ци­ја, ко­ја прет­ста­ву­ва еден вид про­дол­же­ние на ко­лек­ци­ја­та „Ос­ло­бо­ду­ва­ње“, ко­ја бе­ше прет­ста­ве­на на Мо­ден ви­кенд во Скоп­је, кој за­вр­ши не­о­дам­на.

olgica_1

Љуп­ка На­у­мов­ска – сопс­тве­нич­ка на „Ха­ни­биз“

Во про­е­ктот учес­тву­ва­ат: Љуп­ка На­у­мов­ска – сопс­тве­нич­ка на „Ха­ни­биз“ – Мар­ке­тин­шка аген­ци­ја за од­но­си со јав­но­ста, Сне­жа­на Лу­пев­ска – про­ду­цен­тка и но­ви­нар­ка во „Код“, Мар­та На­у­мов­ска-Гр­на­ро­ва – ге­не­рал­на ме­на­џер­ка на „За­вар ком­па­ни“, Бил­ја­на Ва­си­ле­ва-Трен­да­фи­ло­ва уред­нич­ка-но­ви­нар­ка во МРТВ, Бил­ја­на Трај­ков­ска – сопс­тве­нич­ка на ви­нар­ска­та виз­ба и де­сти­ле­ри­ја „Трај­ков­ски“, Ане­та Пе­ше­ва – ди­ре­ктор­ка на „Ул­тра“, Ли Ве­бер – ди­ре­ктор­ка на блог за мар­ке­тинг, Бил­ја­на За­фи­ро­ва – глав­на уред­нич­ка на пор­та­лот „Ре­пуб­ли­ка“, Сла­ви­ца Ни­ко­лов­ска – ос­но­вач­ка на ма­ке­дон­ска­та мре­жа за мен­то­ри и Ол­ги­ца Ѓор­ги­е­ва – мод­на ди­зај­нер­ка и сопс­тве­нич­ка на „ГО“.

olgica_3

Ли Ве­бер – ди­ре­ктор­ка на блог за мар­ке­тинг

На­ста­нот е за­мис­лен ка­ко ед­но уба­во мод­но, кре­а­тив­но дру­же­ње, кое има и ху­ма­ни­та­рен ка­ра­ктер во исто вре­ме. За­мис­ле­но е да трае не­кол­ку ча­са, а ќе поч­не во 17 ча­сот.

Учес­нич­ки­те во про­е­ктот се сог­ла­су­ва­ат де­ка це­ли­от про­цес се од­ви­вал во пре­у­ба­ва, по­зи­тив­на енер­ги­ја. Си­те би­ле рас­по­ло­же­ни, воз­бу­де­ни…

– На де­нот на про­мо­ци­ја­та ко­лек­ци­ја­та ќе би­де про­даж­на. Тоа зна­чи де­ка ќе мо­жат да се ку­пу­ва­ат и да се пра­ват на­рач­ки на мо­де­ли­те што ќе би­дат пре­зен­ти­ра­ни. Дел од средс­тва­та од про­да­де­ни­те пар­чи­ња ќе одат за ху­ма­ни­тар­ни це­ли. Ка­де ќе би­дат до­ни­ра­ни средс­тва­та ќе об­ја­ви­ме на са­ми­от на­стан – из­ја­ви Ѓор­ги­е­ва.

фото: Ани и Дими

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top