Вооружен крадец синоќа одзел 10.000 денари откако со пиштол и се заканил на вработената во трафика во Ѓорче Петров.
Според полицијата, синоќа околу 19 часот, вооруженото лицего извршило разбојништвото во трафика во Ѓорче Петров. Вработената преплашена за својот живот му го дала дневниот промет во вредност од 10.000 денари.
Полицијата работи на расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.